Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага сака да стане актерка

Лејди Гага сака да стане актерка

Лејди ГагаЛејди Гага

По учеството во последната епизода на серијата Gossip Girl, која премиерно ќе биде прикажана денес, ексцентричната пејачка Лејди Гага доби огромна желба да стане актерка.

„Таа гледа на актерството како на природно продолжување на нејзината кариера. Има идеја да направи високобуџетен филм за рок опера, кој ќе биде создаден според нејзините уникатни идеи.“ – изјави близок на младата пејачка.

Според анонимниот извор, 23-годишната пејачка би сакала да има и посериозни улоги, со кои ќе ги покаже своите актерски способности.

„Таа сака да има и улоги во драма. Има мотивација и самодоверба да стане голема актерка. Само треба да најде време покрај нејзината прва љубов – музиката.“

Скандалозната пејачка својата популарност ја стекна во текот на оваа година благодарение на откачениот стил на облекување и уникатните настапи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10363 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.