Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Откачениот стил на Лејди Гага

Откачениот стил на Лејди Гага

Гага во чизмиЦрната ЛејдиЖешката ЛејдиЖабестата ГагаГага во меурчињаСлепата ГагаГага од иднинатаТриаголна ГагаКрвавата ЛејдиЦрвената Гага

Гага во чизми

Лејди Гага во посета на нејзиниот пријател, пејачот Мика, во Лондон се појави со неверојатно високи чизми и црна шапка, која потсетува на послужавник. Иако не врни дожд, таа носи и чадор како аксесоар.

Црната Лејди

Пристигајќи од Берлин, на аеродромот Heathrow Лејди Гага застана пред објективите на новинарите облечена во црно од глава до пети.

Жешката Лејди

Сигурно целата публика на Much Music Video наградите во Канада очекуваше нешто ексцентрично од Лејди Гага, но не очекуваше дека ќе започнат да излегуваат искри од нејзините „гради“.

Жабестата Гага

На интервју за германска телевизија ексцентричната Гага се појави со палто направено од многу на број меки играчки во формата на жабата Кермит. Лудото палто е креација на Jean Charles de Castelbajac. Како аксесоар за косата пејачката употреби глава на жабата Кермит.

Гага во меурчиња

Интересниот костум на Гага, направен од меурчиња, го направи незаборавен нејзиниот настап во „The House of Blues“, Сан Диего.

Слепата Гага

На ексцентричноста на Лејди Гага едноставно и нема крај. Носењето на очила со темни стакла не е забрането, но носењето на превез на очите на пресконференција е дозволено само за неа.

Гага од иднината

Кога новинарите во Лондон ја запрашале Лејди Гага да го објасни нејзиниот нестандарден стил таа им одговорила: „Мојата мода ја отсликува урбаната жена во 3000-та година.“

Триаголна Гага

На Wango Tango концертот, организиран од радиото KIIS, Лејди Гага се појави со јакна направена целосно од триаголници. Уште еднаш Гага не ги откри своите очи, но за сметка на тоа не пропушти да ги покаже целосно своите нозе.

Крвавата Лејди

Морничавата и шокантна изведба на песната Paparazzi на доделувањето на MTV видео наградите, не остави никого рамнодушен. Таквиот шокантен настап е од оние кои што или многу ти се допаѓаат или ти се одвратни.

Црвената Гага

На доделувањето на MTV видео наградите Лејди Гага нè изненади со повеќе од еден откачен костум. За време на примањето на наградата Best New Artist, Лејди Гага излезе на сцената во фустан од црвена чипка, кој го покриваше и нејзиното лице.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10405 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.