Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага потврди дека е верена, со моќна порака објасни зошто носеше широк костум на холивудска свеченост

Лејди Гага потврди дека е верена, со моќна порака објасни зошто носеше широк костум на холивудска свеченост

Лејди Гага неколку месеци носи прстен за кој се шпекулираше дека е свршенички, но досега немаше потврда дека таа ја однела врската со Кристијан Карино на следното ниво.

Во говорот на манифестацијата „Жените во Холивуд“, славната пејачка и актерка го нарече Карино „свршеник“ со што потврди дека го прифатила неговиот предлог за брак.

Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага

Розовиот прстен во повеќе наврати блескаше на прстот на Лејди Гага.

Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага

Стајлингот на музичката ѕвезда на вчерашната холивудска свеченост поттикна многу коментари, а Лејди Гага со моќна порака го објасни својот моден избор.

Лејди Гага

Облекував фустан по фустан денес, подготвувајќи се за овој настан, еден тесен корсет по друг, едни штикли по други, дијамант, пердув, илјадници ткаенини со мониста и најубавите свили на светот. Да бидам искрена, ми се гадеше. Се запрашав: Што навистина значи да си жена во Холивуд? Ние не сме само објекти за да го забавуваме светот. Ние не сме само слики да мамиме насмевки или гримаси кај луѓето. Ние жените во Холивуд сме гласови. Имаме длабоки мисли и идеи и верувања и убедувања за светот и имаме моќ да зборуваме и да бидеме слушнати и да се бориме кога ќе се обидат да нè замолчат.

Па, по облекувањето на 10-тина фустани, со тага во срцето зашто најважно е што носам на црвениот тепих, видов волуменозен костум Марк Џејкобс тивко закопан во ќошот. Го облеков додека ококорени очи ме гледаа збунето. Но, Родарте беше многу убав! Друг рече: Оној од Раф Симонс за Келвин Клајн ти стоеше прекрасно. А овој на Брендон Максвел? А што со Диор? Многу прашања. Сите тие беа фустани. Ова беше широк машки костум направен за жена. Не фустан. И тогаш, започнав да плачам. Во овој костум се чувствував како себеси денес. Во тој момент, јасно ми беше што ќе кажам вечерва.

Како личност која преживеала сексуален напад од некој во забавната индустрија, како жена која сè уште не е доволно храбра да го каже неговото име, како жена која живее со хронична болка, како жена која била условувана на млада возраст да слуша што мажите ѝ велеле да прави, денес одлучив дека сакам да си ја вратам моќта. Денес, јас ги носам панталоните.

Лејди Гага

Лејди Гага со солзи во очите се качи на сцената откако беше претставена од Џенифер Лопез како инспиративна жена во шоу-бизнисот.

Лејди Гага Лејди Гага

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.