Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага им однесе пица и кафе на лица евакуирани поради пожарите за Денот на љубезноста

Лејди Гага им однесе пица и кафе на лица евакуирани поради пожарите за Денот на љубезноста

Вчера светот го прослави Светскиот ден на љубезноста. По тој повод, Лејди Гага одлучи да ги изненади евакуираните лица поради пожарите во едно од засолништата во Калифорнија.

32-годишната пејачка однесе во центарот на Црвениот крст топли пици, кафе и картички со пораки.

„Денес е мојот омилен ден од годината – Светскиот ден на љубезноста. Ве охрабрувам сите да направите едно добро дело, дури и ако е наменето за вас“ – вели таа во едно од видеата објавени на Instagram.

Лејди Гага

„Ова е едно од моите добри дела за денес. Ве охрабрувам да го направите истото. Бидете љубезни“ – додава Гага во друго видео.

Лејди Гага Лејди Гага

Познатата музичарка беше дел од лицата кои беа евакуирани од своите домови поради огнената стихија која ја зафати Калифорнија, а во која изгореа домови на неколку славни личности. За среќа, нејзиниот дом не беше зафатен од пламените јазици.

Лејди Гага

„Ви ја предавам мојата љубов... Знам дека не се познаваме едни со други, но ве сакам. Ова е итен случај, но вие не сте сами“ – им рекла таа на евакуираните лица.

Лејди Гага Лејди Гага Лејди Гага

Бројот на лица кои ги загубиле животите во пожарите се искачи на 50.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.