Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага ги разголи и телото и душата за британскиот „Вог“, зборуваше за моментите кога помислувала да се самоубие

Лејди Гага ги разголи и телото и душата за британскиот „Вог“, зборуваше за моментите кога помислувала да се самоубие

Лејди Гага ја краси корицата на декемвриското издание на британскиот „Вог“.

За списанието, славната актерка и музичарка ги разголи и телото и душата. Таа сними едиторијал во кој позираше со парчиња облека од модни куќи како Томо Коизуми, Баленсијага, Шанел, а на една фотографија позира целосно гола. Зад објективот застана Стивен Мејзел.

Лејди Гага Лејди Гага

Во интервјуто, Гага зборуваше за менталното здравје и за моментите кога секојдневно помислувала на самоубиство и сподели дека обожава да им мами насмевки на луѓето.

„Го ценам тоа што јавноста ме обожава веќе две децении. Кога и да пеам, глумам или чекорам по црвениот тепих, сакам да ги смеам луѓето“ – рекла таа.

За моментот на издавање на албумот „Chromatica“ на почетокот од пандемијата, Гага рекла дека тоа ѝ бил најмрачниот период од животот.

„Мислам дека не сум чувствувала поголема болка во мојот живот отколку кога го снимав тој албум. Тешко ми е да го слушам. Тешко ми е да ги пеам тие песни, не затоа што не се прекрасни, неверојатни песни, туку затоа што доаѓаат од многу темна дупка во моето срце“ – рекла таа.

Лејди Гага Лејди Гага

„Запрашана на какво место била тогаш, Гага рекла: „Не сакав повеќе да сум јас. Немав вештини да разберам на што сум способна како личност. Повеќе не чувствував дека вредам. Но, преживеав. Пред некој ден ѝ реков на моја пријателка дека кога и да поминувам низ тежок период, секогаш со насмевка си велам: ‘Да, ова е тешко. Но, многу потешко е кога секој ден сакаш да се самоубиеш’. Се заколнав дека ќе бидам личност која зборува за менталното здравје, за добрината, за сочувството и за вредноста. Верувам дека универзумот ми ја подготви оваа страна од приказната за да бидам спремна да зборувам за тоа со светот.“

„Знам дека тоа нема да биде целиот свет, туку... оние кои слушаат. Па, до оние кои слушаат: Ве сакам, а ако чувствувате болка, ви ветувам дека ќе биде подобро“ – рекла Гага.

Лејди Гага Лејди Гага

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.