Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Леонардо Дикаприо проговори за трите несреќи во кои за малку ќе умрел

Леонардо Дикаприо проговори за трите несреќи во кои за малку ќе умрел

Леонардо Дикаприо активно го промовира „The Revenant“, па во екот на промотивната турнеја, сними фотосесија за „Wired“ и отворено зборуваше за непријатни случки од животот и за лошите услови при снимањето на новиот филм, за кој има големи шанси да добие Оскар.

Леонардо Дикаприо

Холивудскиот шармер сподели дека три пати бил лице в лице со смртта. „Моите пријатели ме прогласија за личност со која најмалку би сакале да тргнат во екстремна авантура. Ако мачката има девет животи, јас мислам дека искористив неколку“ – рекол тој.

За инцидентот со голема бела ајкула кога бил на нурање во кафез: „Голема бела ајкула скокна во мојот кафез додека нуркав во Јужна Африка. Половина од нејзиното тело беше во мојот кафез и се обидуваше да загризе... На некој начин паднав на дното и се обидував да лежам што порамно. Големата бела ајкула 5-6 пати отсечно загризи напразно со забите на оддалеченост од една рака од мојата глава. Момците таму рекоа дека ова никогаш не се случило во 30-те години во кои го правеле тоа.“

Леонардо Дикаприо

За моментот кога експлодирал мотор на авионот со кој тој летал: „Летав со Delta Airlines за Русија. Бев во бизнис класа и моторот експлодира пред моите очи. Седев гледајќи во крилото и целото крило експлодира во огнена топка. Во тој момент единствено јас гледав во таа гигантска турбина која експлодира како комета. Беше лудо. Ги изгаснаа сите мотори неколку минути, па само седиш и леташ без да се слуша некаков звук, а никој во авионот не рече ништо. Ги стартуваа моторите повторно и итно слетавме на ЏФК.“

Леонардо Дикаприо

За денот кога преживеал незгода при скок со падобран: „Тоа беше тандем-скок. Го повлековме првиот падобран. Беше заплеткан. Господинот со кој скокав, го отсече. Паѓавме слободно уште 5-10 секунди. Не помислував на помошниот падобран, па мислев дека паѓаме во смртта. Го повлече вториот падобран и тој беше заплеткан. Тој продолжи да го тресе и да го тресе. Додека ми се чинеше дека сите мои пријатели се на околу половина милја над мене, јас паѓав кон земјата. И конечно, падобранот се отплетка во воздухот. Забавниот дел беше што тој ми рече: Најверојатно ќе ги скршиш нозете на слетување, бидејќи се движиме пребрзо... Имавме модринки, но немаше скршени нозе.“

Фотосесијата ја потпишува Ден Винтерс.

Трејлер за „The Revenant“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.