Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Леона Луис одбила да се слика за „Плејбој“

Леона Луис одбила да се слика за „Плејбој“

Леона Луис

Британската пејачка Леона Луис очигледно внимава на својата репутација. Таа ја одбила понудата од 2 милиони долари за да позира за познатото машко списание „Плејбој“.

„Од Плејбој мислат дека присуството на Леона на страниците на списанието ќе им помогне да потврдат дека се важно модерно списание. Тие се спремни да платат многу за да ја привлечат.“ – изјавил анонимен извор за Daily Mail.

Пријателите на Леона сметаат дека таа е премногу срамежлива за да направи провокативна фотосесија и ниту една голема сума нема да ја предомисли. Портпаролот на пејачката на „Bleeding Love“ за понудата на „Плејбој“ изјавил: „Немаме коментар за тоа“.

Останува да видиме дали Леона ќе продолжи ладнокрвно да ги одбива дарежливите понуди од „Плејбој“ или ќе го надмине срамот и ќе се најде на страниците на провокативното списание.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.