Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристијано Роналдо објави дека стана татко

Кристијано Роналдо објави дека стана татко

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо стана татко на машко дете. На неговиот веб сајт и на неговите страни на Facebook и Twitter вчера вечерта се појави соопштение од самиот Роналдо во коешто тој објавува дека станал татко, но не го открива идентитетот на мајката на бебето.

Со голема радост ве информирам дека неодамна станав татко на машко бебе. Како што се договоривме со мајката на бебето, која претпочита нејзиниот идентитет да биде зачуван во тајност, син ми ќе биде под мое ексклузивно старателство. Нема да бидат објавувани повеќе информации на оваа тема и барам од сите да го почитуваат моето право на приватност (и таа на детето) особено за теми кои се толку приватни како оваа.

Кристијано Роналдо

Кристијано РоналдоСоопштението на Роналдо на неговиот веб сајт.

Португалскиот весник Correio da Manha пишува дека мајката на бебето е од Америка и се породила на почетокот на јуни. Странските медиуми објавија информации дека семејството на Роналдо веќе ги подготвува документите за да го донесе детето во Португалија.

Не е тајна дека Роналдо имаше краткотрајни врски со многу жени. Минатиот месец бил забележан на јахта со рускиот модел Ирина Шаик.

Истиот весник пишува дека компанијата Gestifute којашто стои зад познатиот фудбалер потврдила дека веста е вистинита.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10599 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.