Криси Тиген беше една од добитничките на овогодишните награди „Жена на годината“ на списанието Glamour.
На манифестацијата во Њујорк, 32-годишниот модел пристигна со својот сакан сопруг Џон Леџенд облечена во креација од колекцијата есен/зима 2018 на Solace London.





Наградата на Криси ѝ беше врачена од Леџенд, кој ја претстави со емотивен говор во кој ја нарече својата сакана „ѕвездата во семејството“ и „срцето и душата на семејството“.
„Јас имам успешна кариера во музичката индустрија, но сите знааеме која е ѕвездата во семејството. Таа е и душата и срцето на семејството. Премногу сум вљубен во оваа жена. Мислам, претпоставувам дека е очигледно. Таа е моја сопруга и мајка на нашата ќерка Луна и на нашиот син Мајлс.“


„Но, јас не сум единствениот кој е вљубен во неа. Милиони луѓе кои не се во брак или во крвно сродство со неа ја сакаат исто така. Каде и да одам, среќавам луѓе, фанови, кои во минатото ми бараа автограм и ми кажуваа колку ја сакаат мојата музика. Сега, најчестиот коментар кој го добивам од луѓето кои НЕКОГАШ биле МОИ фанови е колку ја сакаат Криси. Таа добива поголеми поздрави од мене на моите концерти. Ја обожаваат!“
„Луѓето ја сакаат нејзината искреност, нејзиниот хумор, нејзината убавина и стил, нејзината страст кон храната, нејзината смисла за забава и авантура. Го сакаат нејзиното големо прекрасно срце. Срцето кое постојано го покажува. Таа инспирира многу луѓе и многу жени. Таа е онаков тип на жена за која се пишуваат песни...“
„Тука сум за да ти кажам дека припаѓаш токму тука. Восхитен сум од жената која си денес и навистина сум горд што остатокот од светот конечно дозна за тоа“ – рече Џон во говорот кој ја разнежни Криси, која не можеше да си ги сокрие солзите додека зборуваше за него.



„Честопати се шегувам за ова, но јас навистина го имам најневеројатниот сопруг на планетата. Ти ни си сè. Ти ме направи жена. Пораснавме заедно, нашето семејство порасна заедно, нашите кариери пораснаа заедно. Ова е премногу лигаво. Се извинувам, го мразам. Не плачев дури ни на нашата свадба. Те мразам Џон, навистина те мразам“ – во нејзин стил рече таа.
Видео




Парот е во брак од септември 2013 година и има две деца.







