Криси Тиген за првпат се појави на јавен настан по губењето на нејзиното бебенце во 20-тата недела од бременоста. 34-годишниот модел му се придружи на сопругот Џон Леџенд на сцената за време на настан во Филаделфија по повод претстојните претседателски избори.
На сцената Криси се појави со мајка си и двете деца, Луна и Мајлс.





Видео
Парот отворено му даде поддршка на Џо Бајден, противкандидат на Доналд Трамп.


Џон и Криси неодамна го загубија нивното трето дете во петтиот месец од бременоста поради плацентарна абрупција. Во негова чест, двајцата си го истетовираа името кое му го избрале – Џек.



Нивната загуба се случуваше пред очите на јавноста и парот сподели фотографии од трогателните моменти во болницата.