Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Контроверзно омаловажување на бременоста“: Рапер со „трудничко стомаче“ го промовира новиот албум

„Контроверзно омаловажување на бременоста“: Рапер со „трудничко стомаче“ го промовира новиот албум

Остри осуди и коментари континуирано пристигнуваат на адреса на Lil Nas X поради неговиот контроверзен концепт за промовирање на нов албум.

22-годишниот рапер сними „трудничка фотосесија“ со која го најавува албумот „Montero“ и го нарекува свое бебе. „Ова е моето бебе... Изгледа дека јас сум таткото и мајката. Но, претпоставувам дека и продуцентите кои работеа на него се исто така татковци. Или можеби вујковци“ – вели тој за списанието „People“ кое ги објави фотографиите.

Lil Nas X Lil Nas X

Веднаш по распространувањето на сликите, започнаа да се редат негативните коментари. „Ова е вознемирувачко на многу нивоа“; „Со маж ми минуваме низ тежок период обидувајќи се да забременам, а тој тука ја исмејува бременоста. Глупаво“; „Очаен за внимание“; „Ужасно е и болно на многу начини“; „Неприродно и непотребно“... Ова се само неколку од најпопуларните коментари на објавата за Lil Nas X.

По жестоките реакции, тој напиша: „Дозволете ми да преминам офлајн, целата оваа негативна енергија не е добра за бебето“.

Lil Nas X Lil Nas X

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.