Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кијара Ферањи со Федез стилски координирани на Мет галата по неговата операција на тумор

Кијара Ферањи со Федез стилски координирани на Мет галата по неговата операција на тумор

Кијара Ферањи и Федез се вброија меѓу гламурозните гости на овогодишната Мет гала.

На црвениот тепих пред музејот „Метрополитен“ во Њујорк, 35-годишната блогерка и 32-годишниот пејач зачекорија заедно во координирани стајлинзи од Версаче. Изгледот на Кијара бил инспириран од фустан кој Џани Версаче го креирал за Салма Хајек за балот МЕТ во 1997 година.

Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи и Федез

Ова е прва свеченост на парот по неговата операција од тумор на панкресот.

Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи и Федез Кијара Ферањи и Федез

На социјалните мрежи Кијара призна дека е пресреќна што чекорела на црвениот тепих заедно со саканиот.

Мојата прва Мет гала беше во 2015 година и бев многу исплашена што бев таму. 2015 година беше многу депресивно време од мојот живот: живеев во Лос Анџелес, бев во врска која не функционираше, се чувствував осамено и професионално заробена додека други луѓе носеа одлуки наместо мене.

Мет галата беше неверојатна, но ако помислам на таа година, можам само да си речам: Кијара, направи добро што излезе од тој период од твојот живот, создаде свои правила и стана свој газда, донесе свои одлуки и ја создаде фамилијата за која отсекогаш сонуваше.

Ако Кијара од 2015 година може да ја види Кијара од 2022 година, мислам дека би плачела од среќа. Ова е значењето на Мет галата за мене: рака за рака со мојот сопруг, среќна и горда. Сите заслужуваме да се чувствуваме на овој начин.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.