Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кети Пери со фризурата која си ја направи по разделбата со Орландо Блум на iHeartRadio Music Awards

Кети Пери со фризурата која си ја направи по разделбата со Орландо Блум на iHeartRadio Music Awards

Неколку дена по оскаровската свеченост Кети Пери и Орландо Блум преку соопштение ја информираа јавноста дека се разделија, а подоцна беа објавени фотографии на кои 40-годишниот актер флертува со друга жена на една од оскаровските забави.

Само два дена подоцна, Кети Пери објави видеа на Instagram на кои се гледа дека драстично си ја скратила косата. Многумина ја поврзаа новата фризура на 32-годишната пејачка со разделбата со Блум.

Кети Пери го покажа својот нов имиџ на црвениот тепих на манифестацијата по повод доделувањето на музичките награди „iHeartRadio“ во Лос Анџелес.

Русокосата музичка ѕвезда со насмевка позираше пред фоторепортерите и додека си правеше селфи фотографии со фановите, облечена во елегантен комбинезон од August Getty.

Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Кети го отвори настанот, на кој беа наградени најуспешните музичари за годината која измина, и настапи на сцената со песната „Chained To The Rhythm“. Енергичната пејачка носеше креација од Stella McCartney додека танцуваше со деца танчари.

Видео

Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.