Кендал Џенер додаде нов производ во своето портфолио – нова текила од нејзиниот бренд 818.
За да го прослави лансирањето на Eight Reserve by 818, 26-годишниот модел направи забава во Soho House и ја доби поддршката од семејството и пријателите. На настанот во Малибу, Кендал шармираше во бела креација со висок шлиц.













На забавата беа присутни и нејзините сестри Ким, Кајли и Клои, како и родителите Крис и Кејтлин.





Претходно, Кендал ја презентираше својата текила во Лос Анџелес.



Eight Reserve ќе започне да се продава во септември.