Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кели, Дона, Брендон, Дејвид и Стив се обединија за продолжението на хит-серијата „Беверли Хилс“

Кели, Дона, Брендон, Дејвид и Стив се обединија за продолжението на хит-серијата „Беверли Хилс“

„Беверли Хилс, 90210“ беше една од сериите кои ги одбележаа 90-тите години. За милионите обожаватели, кои се навраќаат на неа со носталгија, неделава се прошири добра вест – дел од екипата се обединува за да сними продолжение. Сè уште не се познатите деталите, но групата актери беше фотографирана заедно во Лос Анџелес.

Кели (Џени Гарт), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Присли), Стив (Иан Зеринг) и Дејвид (Брајан Остин Грин) заедно ги дискутираа можностите за нови епизоди.

Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс Беверли Хилс

Од главната екипа, недостасуваат Бренда (Шенон Доерти) и Дилан (Лук Пери), како и Андреа (Габриел Картерис).

Култната серија го следеше животот на тинејџери од Беверли Хилс. Телевизиското дело на Дарен Стар, Арон Спелинг и Дјук Винсент, кое нè забавуваше на малите екрани цели 10 години, започна да се емитува на 4 октомври 1990 година, а последната епизода излезе на 17 мај 2000 година.

Беверли Хилс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.