Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Квентин Тарантино доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Квентин Тарантино доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Легендарниот режисер и актер Квентин Тарантино беше почестен со ѕвезда на Холивудската патека на славните за долгогодишната работа во филмската индустрија.

На церемонијата во Лос Анџелес, нему му беше доделена 2.569-тата ѕвезда и тој конечно го зазеде своето место помеѓу најуспешните во шоу-бизнисот кои досега добиле вакво признание.

Квентин Тарантино Квентин Тарантино Квентин Тарантино Квентин Тарантино

„Многу сум среќен што ќе имам своја ѕвезда на Патеката на славните со сите други луѓе кои завршија одлична работа во овој град“ – рекол Квентин во својот говор.

52-годишниот режисер беше придружуван од екипата на неговиот најнов филмски проект „The Hateful Eight“.

Квентин Тарантино Квентин Тарантино Квентин Тарантино Квентин Тарантино

„Inglourious Basterds“, „Pulp Fiction“, „Django Unchained“ и „Reservoir Dogs“ се меѓу најпознатите дела на Тарантино. Новиот филм „The Hateful Eight“ ќе биде прикажуван во кино салите на 7 јануари следната година.

Тарантино ја доби поддршката и од актерот Семјуел Л. Џексон, со кого има соработувано за повеќе филмови низ годините.

Квентин Тарантино Квентин Тарантино Квентин Тарантино

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.