Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каролина Гочева со видео и фотографии најави дека ќе настапи на првите Музички награди во Белград

Каролина Гочева со видео и фотографии најави дека ќе настапи на првите Музички награди во Белград

Каролина Гочева ќе пее заедно со бројни балкански ѕвезди на првата церемонија по повод доделувањето на Музичките награди во Белград.

38-годишната пејачка со фотографии и видео го најави својот настап на манифестацијата, која ќе се одржи на 29 јануари следната година во Штарк Арена.

„Чест и задоволство ми е што ќе настапам на првите @music.awards.ceremony каде ќе може да се слушне дел од најдобрата музика што ја нуди регионов. Датумот е 29.01.2019, местото е Штарк Арена Белград. Се гледаме“ – напиша Гочева.

Покрај Каролина, од Македонија своја поддршка ќе дадат и Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски и Панчо од ДНК.

Досега најавени се и настапите на Жељко Јоксимовиќ, Бајага, Петар Грашо, Сергеј Четковиќ, Саша Ковачевиќ и Ван Гог.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.