Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каролина Гочева, Викторија Лоба и други славни лица во кампања на Avon против семејното насилство

Каролина Гочева, Викторија Лоба и други славни лица во кампања на Avon против семејното насилство

Повеќе славни личности од Македонија се вклучија во кампањата против семејното насилство на Avon. Каролина Гочева и Викторија Лоба се меѓу учесниците во кампањата „Проговори против семејното насилство“.

На своите профили на Facebook, познатите пејачки си објавија фотографии од кампањата на кои позираат со покриена уста, а заедно со нив, споделија и постови со кои целат да ја подигнат свеста за психолошкото, физичкото, економското и сексуалното малтретирање на жените.

Проговори против семејното насилство Проговори против семејното насилство

„Семејното насилство е исклучително чувствителна тема и можеби најчесто премолчуваниот проблем во општеството. Може да биде психолошко, физичко, економско или сексуално по природа. Инцидентите често ескалираат во фреквенција и бруталност и обично во раните фази жртвата може и да не е свесна дека е дел од насилна врска, а и тогаш кога ќе ја согледа вистинската ситуација, многу тешко се решава да замине најмногу поради конзервативните ставови во општеството во кое живееме.

Препознавањето на насилството е првиот чекор во преземањето на соодветни мерки. Споделете ги овие информации денес, за сите заедно да ја зголемиме свесноста за семејното насилство“ – стои во објавата на Гочева.

Проговори против семејното насилство Проговори против семејното насилство

„Случаите на семејно насилство од година во година бележат пораст и имаат тенденција на повторување повеќе од кој било друг криминал“ – напиша Лоба.

Музичките ѕвезди заедно со други познати личности од нашата држава учествуваа и во видео во кое ги потенцираат страшните факти за овој проблем.

ВИДЕО:

Проговори против семејното насилство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.