Шведското кралско семејство ги објави официјалните фотографии од крштевката на малата принцеза Инес.
На нив, бебенцето изгледа ангелски додека мирно спие во рацете на мајка си, принцезата Софија, додека покрај нив седат принцот Карл Филип и трите поголеми братчиња. Принцовите Александар, Габриел и Јулијан носат складни сакоа.
Фотографиите се направени од Елизабет Тол во Палатата Дротнингхолм на денот на 10-годишнината од стапувањето во брак на среќните родители.



На крштевањето на Инес беше изведена песната „Until My Last Breath“ напишана од принцезата Софија која носеше жолта креација.














Инес е прва и единствена ќерка на кралскиот пар кој стапи во брак во 2015 година. Бебенцето се роди на 7 февруари оваа година во Стокхолм. Софија и Карл Филип ги добија синовите во 2016, 2017 и 2021 година.
