Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каква мајка, таква ќерка: Кејт Винслет со ќерка си Миа на BAFTA каде прими награда за заедничка серија

Каква мајка, таква ќерка: Кејт Винслет со ќерка си Миа на BAFTA каде прими награда за заедничка серија

Кејт Винслет беше прогласена за Најдобра актерка на BAFTA TV Awards.

На церемонијата во Лондон, 47-годишната актерка беше придружувана од ќерка си Миа Треплтон, со која глуми заедно во епизодата за освоената статуетка „I Am Ruth“.

Дуото мајка-ќерка позираше заедно на црвениот тепих.

Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа

„I Am Ruth“ раскажува приказна за мајка и нејзината проблематична ќерка тинејџерка, која е зависна од социјалните мрежи и „заробена“ во канџите на онлајн светот.

За време на својот говор, Кејт изјави дека половина од наградата ѝ припаѓа на ќерка ѝ Миа.

„Ако можам да ја разделам оваа награда, половина би ѝ ја дала на ќерка ми Миа Треплтон. Го направивме ова заедно!“ – рече Винслет, додека двете заедно ронеа солзи-радосници.

Видео:

Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа Кејт Винслет и Миа

„I Am Ruth“ е епизода од серијалот „I Am...“, за кој актерите импрозивираат и сами ги осмислуваат деловите кои ги глумат.

Трејлер за „I Am Ruth“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11482 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.