Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Шајк потврди дека со Кристијано Роналдо ја прекинаа петгодишната врска

Ирина Шајк потврди дека со Кристијано Роналдо ја прекинаа петгодишната врска

Кристијано Роналдо и Ирина Шајк ставија крај на 5-годишната врска. Веста за раскинувањето ја потврди претставник за јавноста на славната Русинка.

„Можеме да потврдиме дека Ирина Шајк ја прекина 5-годишната врска со Кристијано Роналдо. Таа беше блиска со неговото семејство во текот на нивната врска. Негативните гласини за Ирина и семејството на Роналдо се целосно лажни и немаат удел во причината за разделбата“ – се вели во соопштението испратено од тимот на Ирина.

Ирина и Роналдо Ирина и Роналдо

Странските медиуми известија дека наводно причина за разделбата е тоа што привлечната Шајк одбила да присуствува на забава која Роналдо ја организирал за да ја изненади својата мајка по повод нејзиниот 60. роденден. Всушност, тоа била последната капка што ја прелеала чашата. Се шпекулира дека парот неколку месеци се соочувал со љубовни проблеми.

Роналдо со Ирина и со малиот синРоналдо со Ирина и со малиот син на доделувањето на „Златна топка“ минатата година Ирина и Роналдо Ирина и Роналдо

Гласините за разделбата започнаа откако Ирина објави фотографии за својот 29. роденден од егзотично патување без Роналдо, а се засилија кога таа не се појави на доделувањето на наградата „Златна топка“, која заврши во негови раце.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.