Ирина и Павле Камилоски изгледаа како холивудски пар на гала во Скопје.
На свечениот настан во винаријата „Камник“, атрактивната планинарка и алпинистка блескаше во елегантна црвена тоалета, која одлично ги истакна нејзините облини.
Популарниот пејач за оваа пригода избра класично црно одело, со бела кошула и црна вратоврска.
„Mr. & Mrs. Kamiloski“ – напишаа тие во описот на една филмска фотографија која ја објавија на Instagram.




Ирина изгледа фантастично само четири месеци по раѓањето на второто детенце. Шармантната спортистка и Павле се родители на малите Лена и Јосиф.


Фотографии: Павле и Ирина Камилоски / Instagram