Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Имав осум или девет спонтани абортуси“: Актерката Габриел Јунион се отвори за борбата со неплодноста

„Имав осум или девет спонтани абортуси“: Актерката Габриел Јунион се отвори за борбата со неплодноста

Габриел Јунион се отвори за тешката борба со неплодноста во својата нова книга „We’re Going to Need More Wine“. 44-годишната актерка откри дека во период од три години имала осум или девет спонтани абортуси.

„Имав осум или девет спонтани абортуси. Три години моето тело беше заробеник на обидот да забременам“ – пишува таа.

„Или бев на прагот да започнам процес на ин витро оплодување, или бев во средината, или излегував од кругот на вештачкото оплодување“ – додава Габриел, алудирајќи на подуеноста поради хормонските терапии и константните обиди да забремени.

Габриел Јунион

Иако три години нивните срца се кршеле поради спонтаните абортуси и неуспешните обиди за вештачко оплодување, Јунион и нејзиниот сопруг Двејн Вејд биле подготвени да направат сè за да го добијат детето за кое и двајцата сонувале.

Габриел и Двејн стапија во брак во 2014 година, но не размислувале да имаат дете заедно. Двејн веќе се грижел за своите два сина од претходните врски и еден внук.

Габриел Јунион

Големата љубов кон децата на својот сакан, ја разбудила желбата кај Јунион да стане мајка. „Никогаш не сакав деца. Потоа станав маќеа и не постои друго место каде сакам да бидам, освен со нив“ – објаснува таа.

Габриел Јунион Габриел Јунион

Во книгата, Јунион открила и дека била силувана кога имала 19 години. „Откако бев силувана, не излегував од дома цела година, освен ако требаше да одам на суд или на терапија. 24 години подоцна, стравот сè уште влијае врз сè што правам“ – вели таа.

Габриел Јунион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.