Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Згодни латино ѕвезди: Шакира и Малума заведуваат во фотосесија за Billboard

Згодни латино ѕвезди: Шакира и Малума заведуваат во фотосесија за Billboard

Шакира и Малума привлекуваат погледи кон страниците на новото издание на „Billboard“. Колумбиските ѕвезди, кои досега имаат две заеднички песни „Chantaje“ и „Trap“, позираа заводливо за познатото списание.

Billboard

41-годишната пејачка и 24-годишниот пејач зборуваа за моментот кога се запознаа.

„Првиот пат кога те видов беше кога дојдов во Барселона, дојдов за да работам со тебе на 'Chantaje' и 'Trap', и работев во твојот дом, во твоето студио. Тогаш, ти влезе низ вратата и јас си помислив 'Ох, тоа е Шакира'. Тоа беше првиот пат кога те видов“ – ѝ вели Малума на Шакира во видео од интервјуто.

„Се сеќавам дека имавме инстантна професионална хемија уште од првиот пат. Не постоеше ниту еден единствен момент ние да 'заглавиме' со креативноста“ – рече Шакира.

„Ќе продолжиме да соработуваме и понатаму. Тоа е страста која ја имаме за музиката“ – додаде Малума.

Billboard Billboard

Славните пејачи зборуваа и за турнеите и лицата кои сакаат да ги водат со себе на музичките авантури.

„Секогаш го носам брат ми, уште од кога имав 18 години. Сега, за првпат ги носам децата со мене. Никогаш досега не сум отишла на турнеја со децата. Љубопитна сум и сакам да им покажам мал дел од тоа што го работам. Но, се надевам дека до 8 часот навечер тие ќе спијат, додека нивната мајка работи“ – рече Шакира и додаде дека планира да ги однесе на некои од своите концерти. „Претпоставувам дека ќе биде многу напорно за дете да го апсорбира тоа, да ја гледа мајка си на сцената пред илјадници луѓе. Не знам како ќе се справам со тоа“ – додаде таа.

Billboard Billboard Billboard

Малума, пак, призна дека на турнеите сака покрај себе да го има семејството.

„Понекогаш татко ми, или мајка ми, или сестра ми не можат да дојдат, но јас секогаш се трудам да бидат покрај мене, бидејќи ми се многу важни. Се чувствувам како да сум дома кога тие се блиску до мене“ – вели латино заводникот.

Billboard Billboard Billboard Billboard Billboard

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.