Ирина Шајк секогаш знае да привлече внимание, независно дали чекори на модната писта или е на прошетка со малата Леа.
34-годишната манекенка беше фотографирана со 3-годишната ќеркичка во Менхетн. Шајк носеше удобна модна комбинација од SKIMS, колекцијата на Ким Кардашијан. Црниот плетен комплет таа го комбинираше со чизми од By Far.












Леа е ќерка на Ирина од нејзината врска со актерот Бредли Купер. Поранешниот пар раскина во јуни минатата година. Тие имаат заедничко старателство над малото девојче.
