По свадбата која се одржа викендов, Џенифер и Бен Афлек отпатуваа на меден месец во Милано.
53-годишната музичка ѕвезда изгледаше вљубено и среќно додека се шеташе, прегрнуваше и бакнуваше со 50-годишниот актер во градот на модата. Џеј Ло беше облечена во бела комбинација која ѝ ги истакна стомачните мускули.







Фановите имаа можност да ги фотографираат младенците, а биле восхитени кога тие застанале и се бакнале за време на прошетката.











