Џастин Тимберлејк и Џесика Бил беа гости на постоскаровската забава на Vanity Fair. Елегантниот пар изгледаше заљубено и среќно на прославата во Беверли Хилс која традиционално се одржува секоја година.
33-годишната актерка блескаше во креација од Зухаир Мурад. Фустанот од колекцијата есен/зима 2016 на либанскиот дизајнер, Џесика го искомбинира со обувки од Manolo Blahnik, чантичка од Roger Vivier и накит од Piaget.
Славниот пар во април минатата година му посака добредојде на своето прво дете – синот Сајлас Рендал.