Џенифер Лопез и Алекс Родригез ги красат страниците на најновото издание на People.
49-годишната пејачка и актерка и 43-годишниот поранешен спортист изгледаат среќно и заљубено на фотографиите за популарното списание.
Во интервјуто, Лопез зборуваше за живеењето заедно со Алекс и неговите деца. „Ние сите се сакаме меѓусебно и го обожаваме нашиот заеднички живот. Возбудливиот дел на нашата љубов е тоа што и двајцата сме многу свесни за тоа колку сме среќни што се пронајдовме еден со друг“ – рекла таа.
Џенифер изјавила дека нејзините близначиња Еми и Макс инстантно се зближиле со двете ќерки на Алекс, Наташа и Ела. „Нашите деца станаа најдобри другачиња. Не можевме да посакаме ништо подобро од тоа тие четворица да се сложуваат толку добро“ – додала таа.
Фотографиите ги потпишува Пеги Сирота.