Хајди Клум се релаксира во Мексико со новото момче. 44-годишниот супермодел беше уловен на одмор со 28-годишниот рокер Том Каулиц. На фотографиите, Клум си разменува бакнежи со славниот музичар.
Врската на Клум и Каулиц поттикна многу коментари поради разликата во возраста, но и комплименти за нејзиниот изглед.
Во однос на возраста, Клум неодамна искоментира: „Носот ќе ми порасне како на Пинокио ако речам дека не чувствувам притисок за стареењето, особено што постојано ме прашуваат за тоа. Можам да гледам слики од себе кога бев 24 години и се разбира дека ќе изгледам поразлично сега на 44 години и откако родив 4 деца, но, сè се врти околу тоа да се чувствуваш комфорно во својата кожа и со она што го гледаш во огледалото“.