Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Запознајте ги Зоки Поки и дружината од ТВ-серијата „Зоки Поки“ која ќе се емитува од 4 мај

Запознајте ги Зоки Поки и дружината од ТВ-серијата „Зоки Поки“ која ќе се емитува од 4 мај

Следниот месец ќе започне да се прикажува новата ТВ-серија „Зоки Поки“.

Пред официјалниот почеток на емитувањето на 4 мај, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги. Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“.

Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата.

Зоки Поки

Главниот актер Матеј е петтоделенец во ООУ „Мирче Ацев“ во Скопје кој обожава да патува и другарува. Тој вели дека за време на снимањето на „Зоки Поки“ се пронашол себеси и дека дефинитивно сака да продолжи да се занимава со глума кога ќе порасне.

Во двеминутно видео со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки“, Матеј открива што е љубов, кој му е омилен, а кој најтежок предмет во школо, зошто „Зоки Поки“ му е омилена книга, кои му се омилените серии, филмов и цртани, дали повеќе сака ванила или чоколадо, кој спорт му е најзабавен, кој стрип го сака најмногу, дали рециклира и, секако, дали има симпатија.

Зоки Поки

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Зоки Поки

Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.