Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот трејлер за новата македонска детска серија „Зоки Поки“

ВИДЕО: Првиот трејлер за новата македонска детска серија „Зоки Поки“

Авантурите на Зоки Поки ќе оживеат на телевизиските екрани на 4 мај. Официјалниот трејлер ни дава шанса да ѕирнеме низ дружбите на Зоки (Матеј Настевски), Лидија (Анастасија Аневска), Боки (Матео Матоски) и Гоки (Матеј Зимбаков).

Видео

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Зоки Поки

Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Зоки Поки Зоки Поки Зоки Поки Зоки Поки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.