Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го поминуваат слободното време на плажа со своите деца.
39-годишниот фудбалер, кој во моментов игра за клуб од Саудиска Арабија, сподели фотографии на кои ужива со семејството.
„Среќа“ – напиша тој во описот на фотографиите.





И Џорџина објави албум во кој напиша дека се чувствува благословено.




Џорџина е во врска со Кристијано од 2016 година. Во ноември 2017 година таа ја роди нивната прва заедничка ќерка Алана. На 18 април 2022 година, парот објави дека Родригез роди близнаци, момче и девојче. За жал, момчето почина за време на породувањето.
