Марк Антони беше дел од доделувањето на Латино-американските музички награди. 55-годишниот пејач настапи на сцената и за првпат ја изведе својата нова песна „Ale Ale“.
На манифестацијата тој ја доби поддршката од 24-годишната сопруга Надја Фереира, која гордо го бодреше додека пееше на сцената.
На црвениот тепих и двајцата носеа црни модни комбинации.


Среќната двојка го доби првото заедничко дете во јуни минатата година.








Пред неколку дена, парот присуствуваше на забавата на Викторија Бекам за нејзиниот 50-ти роденден.


