Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Замина во легендите: Почина незаборавната Вања Лазарова на 86 години

Замина во легендите: Почина незаборавната Вања Лазарова на 86 години

Вања Лазарова издиша за последен пат. Македонската пејачка со препознатлив глас почина на 86-годишна возраст.

Вања Лазарова

„Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Во ливаѓе ладен извор има“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Многу ми го фалат бабо“ и „Петро Петроленко“ се меѓу композициите со кои Лазарова ја занемуваше публиката.

Легендарната изведувачка, нарекувана уметник кој се раѓа еднаш во 100 години, беше дел од тимот на филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, кој ја освои наградата „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година.

Во 2014 година, таа стана добитничка на наградата за животно дело „11 Октомври“.

Последните години од животот, Лазарова ги помина во дом за згрижување на стари лица.

Вања Лазарова

Потсетете се на талентот на македонската ѕвезда:

Со маки сум се родила

Што да правам, што да чинам

За „Пред дождот“

Петро Петроленко

Прошета се Јовка Кумановка

Многу ми го фалат бабо

Легнала Ѓурѓа на рамно гумно

Трејлер за документарниот филм за Вања Лазарова

Интервју со Лазарова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.