Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Етно&Џез на Дани Димитровска и Никола Мицевски со нова верзија на „Дејгиди, луди млади години“

Етно&Џез на Дани Димитровска и Никола Мицевски со нова верзија на „Дејгиди, луди млади години“

Дани Димитровска со Етно&Џез и мултиталентираниот Никола Мицевски ја продолжуваат низата на возобновени стари македонски песни. Најновото од нивната плодна соработка е свежо издание на „Дејгиди, луди млади години“.

Видео

Etno&Jazz проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното; пласирајќи се на еден ненаметлив, лежерен начин, истакнувајќи ја круцијалната суштина за одговор на големото ЗОШТО се одлучиле за еден ваков засебен проект тотално различен од своите авторски делувања.

„Бидејќи е белег, жиг, отисок од прст кои сите го имаме. Бидејќи во суштината сме Едно“, ќе рече Дани.

Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Николче Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво, а во планираниот албум гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар.

Etno&Jazz Etno&Jazz Etno&Jazz

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.