Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Енрике Иглесијас ја нарече Ана Курникова „суперхерој“ и зборуваше за нивната врска и близначињата

Енрике Иглесијас ја нарече Ана Курникова „суперхерој“ и зборуваше за нивната врска и близначињата

Енрике Иглесијас ретко зборува за приватниот живот, но во најновото интервју 43-годишниот пејач се отвори за врската со Ана Курникова и нивните мали близначиња.

Во видеото, откако водителот ќе му честита за близнаците Николас и Луси, Енрике вели: „Неверојатно е. Многу луѓе ме прашуваат: 'Толку е тешко со едно дете, како се справувате со две деца, две бебиња во исто време?' А јас им одговарам: 'Не ме прашувајте мене. Мајката е суперхеројот'“.

„Ова ми е првпат да имам дете и е со близнаци, па не ја знам разликата помеѓу едно или две деца во исто време“ – додаде тој.

Енрике семејство Енрике семејство

Кога беше прашан дали ќе ги чува децата подалеку од Холивуд и медиумите, Иглесијас одговори: „Холивуд, тоа е добро прашање. Не знам. Прво и основно се надевам дека ќе им бидам добар татко. Да ги израснам правилно. Сè додека се добри, здрави деца и уживаат во животот. Сите ги воспитуваат своите деца на начин на кој сакаат. И ако функционира тоа, функционира.“

Енрике семејство

Водителот истакна дека никогаш нема драма во врската на Енрике и Ана и го праша како успеваат да ја одржуваат врската и покрај големата слава.

„Има драма, верувај ми. Како и во секоја друга врска. Ана е најкул, таа го поддржува тоа што го правам, знае дека го сакам тоа што го правам, па 100% ме поддржува.“

„Сметам дека врските се тешки без разлика дали си во центарот на вниманието или не си. Има добри и лоши денови. Кога ќе дојдат лошите денови се обидуваш да ги преживееш, а кога ќе дојдат добрите денови си велиш WOW“ – вели Енрике.

Енрике семејство

ВИДЕО

Енрике и Ана, кои се во врска 17 години, станаа родители во декември минатата година. Целата бременост беше чувана во тајност.

Енрике семејство

A post shared by (@annakournikova) on

A post shared by(@annakournikova) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.