Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Емотивната порака на сопругата на Честер Бенингтон по неговата смрт

Емотивната порака на сопругата на Честер Бенингтон по неговата смрт

Прераната смрт на Честер Бенингтон го шокира светот. Пејачот на рок бендот Linkin Park, кој на 20 јули си го одзеде животот, инспирира илјадници негови фанови да споделат емотивни пораки на социјални мрежи.

Честер и Талинда

Неговата сопруга, Талинда, со кратка порака му оддаде чест.

„Пред една недела, ја изгубив мојата сродна душа и моите деца го изгубија нивниот херој – нивниот ТАТО. Имавме бајковит живот, а сега се претвори во некаква болна шекспирова трагедија. Како да продолжам? Како да ја соберам мојата раскршена душа? Единствениот одговор кој го знам е да ги растам нашите бебиња со сета љубов која е останата во мене.“

„Сакам да ѝ кажам на мојата заедница и на фановите низ цел свет дека ја чувствуваме вашата љубов. Ја чувствуваме и вашата загуба. Моите бебиња се премногу мали за да останат без татко. И знам дека сите вие ќе го одржувате споменот за него жив.“

„Тој беше светла душа полна со љубов и со ангелски глас. А сега, без болка ги пее неговите песни во срцата на сите нас. Бог нека нè благослови и нека ни помогне да се вртиме еден кон друг кога чувствуваме болка. Честер би сакал да го направиме тоа. Почивај во мир, љубов моја.“

Талинда

Честер и Талинда стапија во брак во 2006 година, а заедно имаат три деца.

Честер и Талинда Честер и Талинда Честер и Талинда

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.