Емили Ратајковски е бремена. 29-годишниот модел ја соопшти среќната вест преку фотосесија за „Вог“ во која го покажа трудничкото стомаче.
Атрактивната Американка за популарното списание објави и краток филм во кој ја документира својата бременост.


Во есеј за модната библија, Емили сподели дека нема да го открие полот на бебето. „Кога со мојот сопруг им кажуваме на пријателите дека сум бремена, нивното прво прашање по ‘Честито’ е ‘Дали знаете што сакате?’. Сакаме да им одговориме дека нема да го знаеме полот додека нашето дете не наполни 18 години и ќе ни каже само. Сите се смеат на ова. Но, има вистина во нашата реплика, вистина која укажува на можности кои се покомплексни од гениталиите со кои ќе се роди нашето дете. Вистината дека на крајот на краиштата немаме поим кој или што расте во мојот стомак. Каква ќе биде таа личност? На каква личност ќе станеме родители? Како ќе ни ги промени животите и она што ние сме? – пишува таа.



Емили е во брак со Себастијан Беар-Меклард од 2018 година. Кога се венчаа, тие беа во врска само неколку недели.

