Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ема Вотсон и Роберт Патинсон – најдобро облечени Британци

Ема Вотсон и Роберт Патинсон – најдобро облечени Британци

Ема Вотсон е најдобро облечената Британка според анкета на Glamour во која учествувале околу 25 000 луѓе.

20-годишната ѕвезда од филмовите Хари Потер успеа да добие повеќе гласови и од Викторија Бекам, којашто во моментов гради имиџ на дизајнерка. Зад нив останаа актерката Кира Најтли и пејачката Шерил Кол.

Ема ВотсонЕма Вотсон Роберт ПатинсонРоберт Патинсон

Кога станува збор за посилниот пол, Роберт Патинсон успеа да го добие првото место и честа да биде најдобро облечен маж во Велика Британија.

24-годишниот актер, кој стана популарен благодарение на вампирската сага Самрак, со својот стил на облекување застана пред Џерард Батлер и актерите од Хари Потер – Руперт Гринт и Даниел Редклиф.

Меѓу првите 10 најдобро облечени мажи се најдоа и Дејвид Бекам и Ед Вествик од „Gossip Girl“.

Жени Мажи
1. Ема Вотсон Роберт Патинсон
2. Викторија Бекам Џерард Батлер
3. Кира Најтли Руперт Гринт
4. Шерил Кол Даниел Редклиф
5. Сиена Милер Дејвид Бекам
6. Кејт Мос Орландо Блум
7. Лили Ален Ед Вествик
8. Пикси Лот JLS (бендот)
9. Наоми Кембел Џад Лоу
10. Флоренс Велч Еван Мекгрегор

Табела: Топ 10 најдобро облечени Британци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.