Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Една од осум жени добива рак на дојка. Денес јас сум едната“: Џулија Луис-Дрејфус сподели дека се бори со рак

„Една од осум жени добива рак на дојка. Денес јас сум едната“: Џулија Луис-Дрејфус сподели дека се бори со рак

Џулија Луис-Дрејфус пред само десет дена испиша историја, освојувајќи најмногу Еми статуетки за иста улога во иста серија. 56-годишната актерка по шести пат победи во категоријата Најдобра актерка во ТВ серија комедија благодарение на „Veep“.

Холивудската ѕвезда денес ги шокира своите фанови кога сподели дека боледува од рак на дојка.

Џулија Луис-Дрејфус

„Една од осум жени добива рак на дојка. Денес јас сум едната. Добрата вест е што ја имам најпрекрасната група на роднини и пријатели кои ме поддржуваат и се грижат за мене и фантастично осигурување... Лошата вест е што не сите жени се толку среќни, па да се бориме со сите ракови и да ја направиме реалност универзалната здравствена заштита“ - пишува во нејзината порака на Instagram.

Just when you thought...

A post shared by Julia Louis-Dreyfus (@officialjld) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.