Едина Муса напорно тренира и ја одржува својата фигура и по раѓањето на своето прво дете.
Поранешната кошаркарка на Instagram Story покажа како тренира со тежина од 75 килограми, а сподели и своја фотографија на која се гледа дека е во топ форма.


На својот профил, Муса се пофали и со првите запчиња на малиот син Максим, кој го има со сопругот Александар Димитровски-Мачка.
„Првото, а по само два дена и второто запче на Максим. Толку брзо растеш, бебе наше. Секој ден си ни се поголемо чудо. Нека ти се редат запчињата како бисерчиња, со здравје, љубов и многу среќа“ – напиша таа.


Едина го покажа своето тело во бикини на неодамнешното патување со Максим во Берово. Таа вежбаше со тегови цела бременост.



