Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Едвај ги задржува солзите: Стинг сподели нежен момент со невербалниот внук, кој има „тешки проблеми во развојот“

Едвај ги задржува солзите: Стинг сподели нежен момент со невербалниот внук, кој има „тешки проблеми во развојот“

Стинг сподели сладок момент со своето внуче кое не зборува и е родено со тешки проблеми во развојот.

73-годишниот музичар едвај ги задржува солзите додека малиот Акира нежно го гали по лицето. Видеото беше споделено од сопругата на Стинг, Труди Стајлер, а беше објавено на Денот на таткото.

Во позадина се гледа мајката на момчето Мики Самнер, која им е ќерка на Стинг и Труди.

„Среќен ден на татковците и дедовците Стинго – татко и сакан Дедо. Ти благодариме за твојата грижа и љубезност, како и за сè што си за твоите деца и внуци“ – стои во описот.

@smoothradio A special moment between granddad and grandson #Sting ♬ suara asli - premium
СтингСтинг со Акира

Мики и Акира во април 2021 година снимија фотосесија за Romper, а во интервјуто мајката раскажа за моментите кога ѝ кажале дека нејзиниот син ќе има тешки проблеми во развојот поради ретка генетска состојба.

„Тој е невербален, не оди, тешко слуша од двете уши, има хипотонија и заостанува со развојот, но и покрај тоа, може да се поврзе со луѓето на ниво на кое прави тие да се чувствуваат видени и сакани. Луѓето се чувствуваат добро во негово присуство. Тој е како сонце. Мое малечко моќно сонце“ – рекла Мики.

Стинг Стинг Стинг СтингСтинг со сопругата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26593 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.