Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Мендес откри зошто не го придружуваше Рајан Гослинг на Оскарите

Ева Мендес откри зошто не го придружуваше Рајан Гослинг на Оскарите

Ева Мендес и Рајан Гослинг се меѓу холивудските парови кои ретко се појавуваат заедно на црвениот тепих. И покрај тоа, многумина сметаа дека Мендес ќе го придружува сопругот на овогодишното доделување на оскарите, каде тој беше номиниран во категоријата Најдобар актер. Сепак, тоа не се случи.

43-годишната актерка и дизајнерка сними фотосесија за априлското издание на списанието „Shape“, ја откри причината зошто не присуствуваше на Оскарите и зборуваше за враќањето во форма по бременоста.

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

За нејзиното отсуство на Оскарите: „Она што луѓето не го знаат за мене е дека обожавам да сум дома. Претпочитам да сум со нашите девојчиња наместо да чекорам на црвениот тепих.“

Ева Мендес Ева Мендес Ева Мендес

За враќањето во форма по породувањето: „На некој начин, поголем предизвик ми беше враќањето во форма по раѓањето на втората ќерка. Но, не е толку тешко колку што си мислев дека ќе биде, бидејќи секогаш трчам со децата. Никогаш не седнувам, постојано сум во движење. Повеќе не чувам нездрава храна дома, бидејќи се обидувам да им бидам добар пример.“

Мендес и Гослинг се во врска од 2011 година и заедно имаат две ќерки – 2-годишната Есмералда и 11-месечната Амада.

Ева Мендес

Видео од снимањето на фотосесијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.