Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија сподели зошто не чувствува притисок да ослаби брзо по породувањето

Ева Лонгорија сподели зошто не чувствува притисок да ослаби брзо по породувањето

Ева Лонгорија ужива во мајчинството и не подлегнува на притисокот да се врати во топ форма веднаш по породувањето.

43-годишната актерка присуствуваше на галата „Women of Worth“ на L'Oréal во Њујорк, каде зачекори во елегантен црно-бел комбинезон. Шармантната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ изјави дека сака да му даде време на своето тело да се прилагоди на постпородилниот живот.

„Дефинитивно не подлегнувам на каков било притисок. Па, ако луѓето велат: ‘Побрзај и ослаби’, јас не знам, бидејќи не ги слушам.“

„Имам неверојатни жени во мојот живот – мајка ми, моите сестри – кои уште од мали нозе навистина ме научија да ценам колку вредам. Доаѓам од семејство со силни жени, па би било невозможно да ја изгубам самувереноста“ – изјави Лонгорија за People.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

„Му дадов време на моето тело да се прилагоди на постпородилниот живот. Знаете, тоа роди бебе. Создаде човечки живот, па затоа не бев многу строга да се врати веднаш во форма“ – неодамна изјави Ева за Us Weekly.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Ева го роди своето синче Сантијаго на 19 јуни оваа година.

На свеченоста, Ева позираше со Амбер Херд, Енди МекДовел и Наоми Кинг.

Ева Лонгорија со колешки Ева Лонгорија со колешки Ева Лонгорија со колешки Ева Лонгорија со колешки Ева Лонгорија со колешки Ева Лонгорија со колешки Ева Лонгорија со колешки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.