По неколкумесечни шпекулации, Дуа Липа конечно потврди дека е верена со Калум Тарнер.
Во интервју за британскиот „Вог“, 29-годишната пејачка сподели дека е многу возбудена што ја пронашла личноста со која сака да го помине остатокот од животот.
„Да, верени сме. Многу е возбудливо“ – рекла Дуа.


Славната музичарка со косовско потекло го обожава дијамантскиот веренички прстен со кој 34-годишниот аактер ја запроси на Божиќ изминатиот декември.
„Опседната сум со него. Многу личи на мене. Убаво е да знаеш дека личноста со која ќе го поминеш остатокот од твојот живот те познава многу добро“ – рекла таа.


Парот, кој започна да се состанува во јануари минатата година, не брза да направи свадба поради светската турнеја на Липа, но и поради филмските ангажмани на Тарнер.
„Специјално е чувството да остарите заедно, да го видите животот и да бидете најдобри пријатели засекогаш“ – рекла таа.
Гласините дека Дуа и Калум се верени започнаа да се шират откако таа сподели фотографии на кои носи дијамантски прстен.




