Синчето на Дрејк наполни 3 години. 33-годишниот рапер на Instagram сподели фотографии од роденденот на слаткиот Адонис.
На малата забава присуствуваше и мајката на Дрејк.



Дрејк го доби Адонис со поранешната порно ѕвезда Софи Брусо. Тој направи тест за да биде сигурен дека е таткото. Малото момче се роди во октомври 2017 година.
И мајката Софи сподели фотографии од неговото раѓање до денес.
„Пред 3 години те запознав конечно по 24-часовен пораѓај. Горда сум на младиот маж во кој се претвораш. Те сакам повеќе од животот. Светот е ТВОЈ! Ние го направивме тоа Дрејк“ – напиша Софи во описот.






Дрејк првпат сподели фотографии со синчето во март оваа година.

