Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дрејк го сруши рекордот на Адел, освојувајќи 13 награди на Billboard Music Awards

Дрејк го сруши рекордот на Адел, освојувајќи 13 награди на Billboard Music Awards

Синоќа, Лас Вегас беше домаќин на овогодишното доделување на Billboard Music Awards. Во „T-mobile“ арената, музичките ѕвезди беа наградувани според нивните постигнувања во изминатиов период.

Дрејк беше големиот победник на вечерта и воопшто во историјата на Billboard Music Awards, рушејќи го рекордот на Адел за најмногу освоени награди. Во 2012 година, Адел победи во 12 категории, а оваа година Дрејк се покажа како најуспешен во вкупно 13 категории.

Познатиот рапер ја присвои најпосакуваната награда за Најдобар изведувач, како и наградите за Најдобар машки изведувач, Најдобар рап изведувач и Најдобар рап албум за „Views“.

Дрејк Дрејк Дрејк

Бијонсе се закити со пет Billboard статуетки, меѓу кои и за Најдобар женски изведувач, Најдобар R&B изведувач и Најдобар R&B албум за „Lemonade“. 35-годишната музичка ѕвезда која во моментов е бремена со близнаци не беше присутна на настанот за да ги прими статуетките.

БијонсеБијонсе ја објави фотографијата пред неколку часа

За Најдобар нов изведувач беше прогласен Зејн Малик, додека наградата за Најдобро дуо или група заврши во рацете на Twenty One Pilots. Познатото дуо победи во вкупно четири категории меѓу кои Најдобар рок изведувач и Најдобра рок песна за „Heathens“.

Дрејк Дрејк

Во рацете на Metallica пак заврши наградата за Најдобар рок албум за „Hardwired… To Self-Destruct“.

Блејк Шелтон беше избран за Најдобар кантри изведувач.

Дрејк

Легендарната Шер ја имаше честа да си замине од настанот како икона во музиката, освојувајќи ја наградата Billboard Music Icon Award. Дрејк

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11198 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.