Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделени наградите „Златен глобус 2010“

Доделени наградите „Златен глобус 2010“

Вчера вечерта се одржа 67-то по ред доделување на наградите „Златен глобус“, кои ги доделува асоцијацијата на странски новинари акредитирани во Холивуд.

Дождот кој се истури над Лос Анџелес воопшто не им попречи на славните лица на Холивуд да блеснат со целиот свој сјај на црвениот тепих.

А на свечената церемонија, двоен победник излезе научно-фантастичниот филм Аватар, кој што беше прогласен за најдобар филм во категоријата драма, а славниот Џејмс Камерон, за истиот филм беше прогласен за најдобар режисер.

За најдобар филм во категоријата мјузикл или комедија беше признат The Hangover, а Мерил Стрип (Julie & Julia) и Роберт Дауни Џуниор (Sherlock Holmes) беа прогласени за најдобра актерка и најдобар актер во истата категорија.

Актерката Сандра Булок, која беше облечена во прекрасен раскошен виолетов фустан, ја доби наградата за најдобра актерка во категоријата драма за улогата во филмот The Blind Side, а Џеф Бриџис го освои признанието најдобар актер во истата категорија за филмот Crazy Heart.

Телевизиската серија Mad Men беше прогласена за најдобра во категоријата драма, а Glee за најдобра серија во категоријата мјузикл или комедија.

Актерот Мајкл Хол, кој во моментов се лекува од рак, ја освои наградата за најдобра машка улога во телевизиска драма за серијата „Декстер“.

Престижната награда „Cecile B DeMille“ за животно дело ја доби американскиот режисер Мартин Скорсезе, а наградата за најдобар странски филм ја зеде германскиот филм The White Ribbon.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.