Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделени Еми наградите 2010

Доделени Еми наградите 2010

Вчера во Лос Анџелес се одржа 62-рото по ред доделување на наградите Еми. Телевизиската серија „Mad Man“ ја освои наградата за најдобра драма, а серијата „Modern Family“ победи во категоријата за најдобра хумористична серија.

„Mad Man“, серијата која го опишува светот на рекламата во 60-тите години, успеа трета година по ред да се закити со Еми награда за најдобра драмска серија. За најдобар актер во оваа категорија беше прогласен Брајан Кренстон за неговата улога во „Breaking Bad“, а најдобра актерка – Кира Седгвик за улогата во „The Closer“.

Актерките од серијата Mad ManАктерките од серијата „Mad Man“

Наградата за најдобар актер во категоријата хумористична серија му припадна на Џим Парсонс од „The Big Bang Theory“, а актерката Еди Фалко беше прогласена за најдобра во оваа категорија за главната улога во „Nurse Jackie“.

За најдобра мини серија беше прогласена серијата на „The Pacific“, којашто се емитува на телевизијата HBO.

Академијата за телевизиски науки и уметности го награди и Џорџ Клуни со наградата „Bob Hope Humanitarian Award“ за неговата хуманитарна дејност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.