Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доделени американските музички награди 2009

Доделени американските музички награди 2009

Тејлор СвифтТејлор Свифт ја освои титулата изведувач на годината.

Вчера вечерта се одржа феноменалното доделување на американските музички награди за 2009г. Големиот спектакл ги собра на едно место едни од најголемите музички имиња.

Младата кантри-пејачка Тејлор Свифт може слободно да каже дека тоа беше нејзина вечер, иако не беше присутна на церемонијата. Таа ја освои наградата изведувач на годината, победувајќи го големиот Мајкл Џексон.

„Да бидеш само споменат во иста категорија со Мајкл Џексон, кој сите ние го сакаме и кој ќе ни недостига секогаш, е незамислива чест“ – изјави Свифт.

Во нејзини раце завршија вкупно 5 награди. Слатката пејачка победи во пет од шесте категории во кои беше номинирана.

Мајкл Џексон постхумно доби 4 награди. Легендарниот пејач е прогласен за омилен машки изведувач во категориите поп/рок и соул/R&B, а неговиот албум „Number Ones“ ја доби титулата омилен албум во истите категории.

Помеѓу добитниците на награди се најдоа и Black Eyed Peas (омилена поп/рок група), Beyoncé (омилена женска соул/R&B изведувачка), Green Day (омилен изведувач во категоријата алтернативна рок музика) и Jay-Z (омилен машки рап/хип-хоп изведувач).

Сепак, најинтересниот дел на манифестациите од овој тип не е доделувањето на самите награди, туку изведбите на популарните ѕвезди од светот на музиката.

Оваа година на сцената го покажаа својот талент многу современи изведувачи како Џенет Џексон, Ријана, Џеј-Зи, Алша Кис, Лејди Гага, Џенифер Лопез, Адам Ламберт и Шакира.

Сигурно запаметена ќе остане изведбата на Џенифер Лопез, која обидувајќи се да скокне од грбот на еден од танчерите, падна на својот славен задник. Но, како добар професионалец таа веднаш ја продолжи својата изведба.

Погледнете го настапот на Џенифер Лопез.

"Louboutins" - видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.